Саревскиот фестивал „Денови на архитектура“ со повик до македонските студенти

Од:

Сараево од 19 до 22 мај оваа година по деветти пат ќе биде домаќин на интернационалниот фестивал за архитектура „Dani Arhitekture”.

Оваа година темата на фестивалот е под мотото „Архитектурата пред инвестициите“ (Architecture beyond investment), за која ќе говорат истакнати архитекти од регионот и Европа меѓу кои и Idis Turato од Хрватска, групацијата Njiric+arhitekti од Хрватска, ERIKSEN SKAJAA – Норвешка, Никола Узуновски од Македонија, Nerma Linsberger од Австрија, архитектите на KontraStudio – Србија , студиото Soma- Австија, A69-Чешка и многу други.

Фестивалот покрај предавањата и конференциите нуди и пропратна богата програма со изложби, перформанси, видео мапирање, филмски проекции и презенатации на студентски трудови. Тимот на “Dani Arhitekture” ги повикува студентите по архитектура од Македонија да земат учество на отворените конкурси за изложбата „DAInsta exhibition“ и „Pecha Kucha“.

„Dani arhitekture” започнаа во 2008 година како студентска иницијатива која во текот на годините се разви во еден од најважните, како архитектонски така и културен настан во Босна и Херцеговина. Во претходните осум изданија, фестивалот беше домаќин на повеќе од 50 говорници од 20 земји и организатор на бројни изложби и филмски проекции.

Би можело да ве интересира

Истражувавме за вас-актуелните трендови во архитектурата?

Предраг Петровиќ

Пендаровски ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело во 2021 година

А1он

Архитектот Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Велес неповратно ги губи старите автентични куќи, бисерот на староградската архитектура

Ана Ололовска

Архитектите се правдаат: Шилегов ни кажа дека нема пари за Универзална сала, затоа предложивме да се сруши, иако сметаме дека треба да се зачува

Искра Манојлоска

Новата Летна школа за архитектура зазема алтернативен формат и почнува со меѓународен конкурс

Ана Ололовска