Самит на фотографи од поранешна Југославија

Од:

Повеќе од 60 еминетни автори од сите поранешни југословенски републики меѓу кои и 12 од Македонија ќе учествуваат на четвртиот Самит на фотографии од поранешна Југославија што во наредните четири дена се одржува во Лесковац, Србија.

Целта на Самитот е да се унапреди соработката  и да се развијат нови програми на фотографските организации на просторот од поранешната заедничка држава.

Во рамки на програмата на Самитот, која има работен карактер, предвидено е да се одржат заеднички изложби, промоции, презентација на трудови, панел дискусии и фото-сафари на Радан Планина и Власинско Езеро.

По завршувањето на Самитот ќе биде организирана изложба на фотографии направени за време на неговото одржување која потоа ќе гостува во целиот регион.

На Самитот Македонија ќе ја претставуваат Владо Арсовски, Трајче Атанасовски-Тале, Фили Филиповиќ, Филип Илиевски, Дејан Краљевски, Наташа Зафировиќ, Димитар Ристевски, Божидар Барлаковски, Дејан Колевски, Димитар Чумбовски, Мирче Новаковски  и Зоран Вељановски-Летра.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“