Романскиот филм „Позата на детето“ ја освои „Златната мечка“ на 63-то Берлинале

Од:

Романскиот филм „Позата на детето“ (Pozitia copilului) на романскиот режисер Калин Петер Нетцер ја освои највисоката награда „Златната мечка“ на 63-от меѓународен филмски фестивал Берлинале, пренесоа светските агенции.

Свечената церемонија се оддржа во филмската и концертна сала во Дворецот на Берлинале на „Потсдамер плац“, во центарот на германската престолнина во присуство на 1.600 гости, прецизираат агенциите.

Главните херои на филмот се 34-годишниот Барбу и неговата деспотска богата мајка Корнелија. Синот може да биде осуден на 15 години затвор затоа што прегазил и усмртил тинејџер. Мајката се обидува да го спаси синот, барајќи врски и изразувајќи сочувство кон родителите на загинатото момче. Барбу, меѓутоа, во овие дејствија на мајка му гледа лага и не ја поднесува нејзината претприемчивост и контрола.

Наградата на жирито му беше доделана на босанскиот режисер Денис Тановиќ за неговиот нов филм „Епизода од животот на собирачот на железо“, што го опишува животот на семејство босански Роми, кои се играат сами себе.

Наградата на жирито се смета за втора најпрестижна награда на кинофестивалот по „Златната мечка“, забележува ДПА.

„Сребрената мечка“ за најдобар актер ја освии невработениот босански Ром Назиф Мужиќ, кој во фулмот на Тановиќ се игра самиот себе.

Чилеанкаката Паулина Гарсија беше наградена со „Сребрена мечка“ за најдобра актерка.

Американецот Дејвид Гордон Грин ја освои „Сребрената мечка“ за најдобар режисер за комедијата „Prince Avalanche“.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето