Ричард Галијано ќе го отвори 6. Фестивал на музика од светот

Од:

Францускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано ќе го отвори шестиот „Фестивал на музика од светот“ кој од 6-ти до 8 ноември ќе се одржува во Битола. Галијано ќе настапи заедно со светски познатиот „Тангарија квартет“ од Франција. Нивната музика е комбинација на дела од Бах, танго, валцер,  самба и салса.

– Почестени сме што на фестивалот ќе го имаме најголемиот хармоникаш на светот, добитник на наградата за најдобар композитор на класична музика и неговиот магичен „Тангарија квартет“. Неколку дена пред почетокот на фестивалот чувствуваме голема возбуда, рече Борче Димитровски, директор на Центарот за култура, на денешната средба со новинарите.

Втората фестивалска вечер е резервирана за групата „Фолтин“ и за истанбулскиот диџеј со македонски корени Али Дојран, кој пред присутните ќе се претстави во битолското кафуле „Хаус бар“ на Широк Сокак.

– Многу сме среќни и задоволни што сме дел од фестивалот. Ќе се претставиме со нашата класична програма, но ќе има и мало изненадување. Сакам да го кажам и ова…Како адолесцент, го обожував Ричард Галијано и затоа неговото доаѓање е голем настан за мене. Секоја чест за организаторите што го донесоа ова големо име, рече Бранислав Николов од „Фолтин“.

Последната вечер од фестивалот во култното место за битолчани „Порта џез“ свој настап ќе има Јасмина Беличанска квартет.

Селекторот Оливер Јосифовски истакна дека го радува тоа што успеале да донесат музички артист од светска важност со што Битола е ставена на мапата на големите концертни случувања.

Фестивалот е во организација на Центарот за култура од Битола, под покровителство на Министерството за култура. 

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски