На 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ вечер во кино „Фросина“ ќе биде прикажан „Добра сопруга“ – кој е режисерско деби на познатата српска актека Мирјана Карановиќ. Таа е и сценарист и ја игра главната улога во овој филм кој е меѓу шесте кои се натпреваруваат во селекцијата „СинеБалкан“.
Во кино „Милениум“ ќе бидат прикажани два филма од гала-програмата – „Комуна“ на Томас Винтерберг и „Сол и оган“ на Вернер Херцог.
На денешната фестивалска програма се и музичкиот документарец за Битлси во режија на Рон Хауард и филмот посветен на модниот свет „Првиот понеделник во мај“ кој прави хроника на неколкугодишните подготовки за модната изложба инспирирана од Кина и го отсликува секојдневието на Ана Винтур.