Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе биде отворена вечер во Националната галерија на Македонија-Објект Мала Станица.
На изложбата, што како настан се организира по 62-ри пат, ќе бидат претставени дела на 70 автори-членови на Друштвото.
Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.