Ревија на руски воени филмови во Кинотека на Македонија

Од:

Со проекцијата на француско руската копродукција „Нормандија – Неман“ вечер во Кинотека на Македонија ќе биде отворена  ревијата на руски воени филмови.

Ревијата е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Агенцијата за филм на Македонија и Кинотеката, а се одржува по повод 70 годишнината од победата во големата татковинска војна.

Михаил Лушин, културно аташе во Руската амбасада, на денешната прес-конференција истакна дека ревијата ќе понуди убав спој на филмови од различни генерации од советската кинематографија, но и од совремната руска продукција.

– Се одлучивме да ја отвориме ревијата со овој руско-француски филм со цел да го потенцираме големиот влог  на Русија во победата над фашизмот. За оваа победа загинаа над 27 милиони советски жители и да дадеме почит на сите кои се бореа со нас во антихитлеровската коалиција, рече Лушин.

Директроката на Кинотека на Макеоднија Мими Ѓорѓоска Илиевска најави дека покрај оваа ревија на руски филм  во подготовка е ретроспектива на руската кинематографија која треба да се одржи во октомври месец во соработка со националниот филмски архив на Русија „Госфилм-Фонд“.

– Ретроспективата ќе понуди многу значајна филмска програма составена од исклучително значајни и квалитетни филмови од почетокот на руската кинематографија, а кои не се многу експлоатирани досега, вели Ѓорѓоска Илиевска.

Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески истакна дека ревијата е плод на соработката со Руската амбасада и Рускиот културен центар во Софија. Оваа соработка ќе продолжи и понатака, а има за цел, како што вели, да го надомести недостатокот на руски филмови во нашите кино сали особено бидејќи современата руска филмска продукција е мошне богата и создава многу блог бастери по примерот на Холивуд.

Инаку, Башески вечер од рускиот амбасадор во Македонија ќе го прими медалот Пушкин потпишан со указ од претседателот на Русија, Владимир Путин.

Како што истакна Лушин, ова високо одличје му се доделува на Башески за неговиот придонес во културната соработка меѓу двата народа.

На програмата на ревијата на руски филмови  „Таткото на војникот“ во режија на Резо Чкеидзе, „Ние сме од иднината“ во режија на Андреј Малјуков, „Ние сме од иднината 2“ во режија на Александар Самохвалов и Борис Ростов  и „Белиот Тигар“ во режија на Карен Шахназаров ќе бидат прикажувани  секој ден  до 12 мај во терминот од 20 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“