Ревија на новиот германски филм во Велес

Од:

Во салата на новиот театар во Велес вечер започнува Ревијата на новиот германски филм. Ревијата е во рамките на 11. Фестивал на новиот германски филм, што го организира Амбасадата на Германија во Македонија, а во чии рамки во десет македонски градови меѓу кои и Велес ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија.

Како што појаснуваат за медиумите од Германската амбасада во Скопје, на програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па сѐ до денешницата, каде се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. За децата на програмата е случката со едно мало момче кое се впушта во потрага по својот хрчак.

– Има по нешто за сечиј вкус и за секоја возраст, а Фестивалот придонесува за културната размена меѓу Германија и Македонија, потенцираат од Германската амбасада.

Во Велес ќе бидат прикажани шест филмови. Вечер во 21 часот криминачистичкиот филм „Роден во болка“, а утре на програмата е драмата „Феникс“. На 26-ти октомври ќе бидат прикажани три филма – детските „Лола на грашокот“ во 16часот и „Спасете го Ралф“ во 18 часот, додека од 20часот е трилерот „Хакери“. На 27 октомври во 20 часот е најавена комедијата “300 збора германски“.

Влезот е бесплатен, но како што појаснуваат од Велешкиот театар кои се соорганизатори на Ревијата на германски филмови, посетителите треба да си подигнат влезници за секој филм претходно.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“