Реставрација и конзервација на живописот во храмот „Св.Никола“ во Куманово

Од:

Во Соборниот храм „Свети Никола“ во централното подрачје на Куманово во тек е реставрација и конзервација на живописот.

Целосно завршени се три композиции, според методологија на конзервацијата и реставрацијата, информираа денеска надлежните. Реставрацијата и конзервација, посочуваат, се спроведува по неколку децении на живописот кој бил  насликан од зографот, Крсте Коловски  во средината на шеесетите години од минатиот век.

– Во моментов се преминува на следната композиција лоцирана на северната страна, изјави денеска магистер по конзервација и реставрација,Валентина Илијевска, задолжена за овој проект кој се спроведува со одобрение на митропилотот  на Кумановско-осоговската епархија г.д-р Јосиф.

Според конзерваторот Илијевска, не станува збор за висок степен на оштетувања.

– Сепак забележливи се хемиски оштетувања, но има и механички.За среќа се реагира навреме.Има наталожено прашина, пајажина и црнила, изјави Илијевска.

За успешна реставрација и конзервација, Илијевска објасни дека се раководи според претходно изготвени хемиски анализи кои се извршени на малтерот, подлогата, врзивото и боениот слој.

– Според дадените индикатори се раководам  во составот на изборот на палетата, додава Илијевска.

Конзеврацијата и реставрацијата на црквата позната меѓу кумановци како Стара Црква ќе трае и наредниот период.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он