Републички фестивал на младински и детски хорови во Кавадарци

Од:

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци синоќа со свечена академија беше отворен 29. Републички фестивал на младински и детски хорови, односно шести по ред по возобновувањето. Учествуваат 28 хорови и 30 оркестри од градови од сите региони во Македонија.

Претседателот на Советот на фестивалот Илија Тренчев на отворањето на фестивалот истакна дека еголема чест и обврска да се негува хорската музика во Македонија и да се продолжува нејзината традиција која, како што рече, и дава посебен белег на културата на нашата земја.

– Целта е децата што повеќе да се ориентираат кон активности како пеење, свирење и спортување, за да на еден начин им оставиме простор што помалку да се занимаваат со други работи. Се трудиме од година во година да додаваме нови содржини, нагласи Тренчев.

Градоначалникот Александар Панов рече дека хорското пеење заслужува да има ваква манифестација, со оглед на традицијата која датира од поодамна.

– Посебно сум задоволен од фактот што уште во 2009 година кога се кандидирав за градоначалник, една од моите лични цели беше возобновување на многу културни и спортски настани кои имаа масовност. Еве, го возобновивме со финансии од локалната самоуправа и многу донатори, овој културен и едукативен настан во Кавадарци, рече Панов.

Тој изрази задоволство што за време на тридневниот фестивал во Кавадарци има многу ученици, хористи кои шетаат низ градот и се дружат.

– Со тоа правиме уште еден исчекор, тие го прошируваат своето знаење и богатство од другарчиња од Кавадарци и цела Македонија. Се прави голема работа, се запазува воспитниот и образовниот карактер, додаде тој и на сите хорски работници и хористи им посака убав престој во Кавадарци.

Инаку, на свечената академија настапија хорот и оркестарот на ОМБУ„Лазо Мицев-Рале“ од овој град. Имаше и музичка програма со црковна музика во изведба на хорот „Хармосини“ од Скопје.

Фестивалот по денешната програма продолжува и утре, кога ке бидат прогласени најдобрите хорови.

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он