Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Од:

„Јадран филм“ ДООЕЛ попладнево ги отфрли како потполно невистинити информациите за проектот играна серија „Македонија“.

Како што соопшти продуцентот Винко Грубишиќ, „јасно е дека некој од свои причини на сосема некоректен начин погрешно ја информирал Владата на РМ. Тоа е отидено толку далеку што дури и портпаролот на Владата на денешната прес-конференција изнесе сосема неточна констатација дека воопшто не сме ја снимале серијата”.

– Заради оваа објавена невистина, многу порано од тоа што планиравме на интернет ќе објавиме делови од снимениот материјал за да ја докажеме вистината и да покажеме дека некој неточно ја информирал Владата. Сметаме дека после тоа имаме полно право да очекуваме дека тие кои свесно и намерно ја измамиле Владата, треба да одговараат за предизвиканата штета, пишува Грубишиќ во реакцијата и ветува дека серијата ќе биде завршена без оглед на, како што нагласува, сите препреки и предизвици.

Според него, целосна невистина е и дека средствата се потрошени ненаменски.

– Сите потрошени средства кои се доделени од страна на Агенцијата за филм се наменски и не постои никаков доказ кој говори спротивно на ова. Целосниот финансиски извештај јасно покажува дека доделените средства се трошени согласно одредбите од Договорот и Законот за филмска дејност – строго наменски за потребите на предпродукција и продукција на првата сезона од серијата, наведува Грубишиќ.

Додава дека јавно ќе биде објавено каде и како е потрошен секој денар.

– Во договор и согласност со соработниците јавно ќе ги објавиме и сите елементи на буџетот, а тоа ќе го побараме од сите копродуценти. Немаме што да криеме. Истото ќе го направиме и за динамиката на снимање, која спротивно од изнесените информации е поинаку договорена за што исто така имаме докази кои ќе ги објавиме. Бараме пред членовите на Владата да ги презентираме сите документи и целиот проект, вклучувајќи ги и доказите кои јасно потврдуваат кој и зошто ја измамил Владата и целата македонска јавност, вели Грубишиќ во реакцијата и потсетува дека серијата се подготвува 1,5 година, а во нејзината реализација, дополнува, се ангажирани голем број соработници од Република Македонија и од целиот свет.

Од приходи на дистрибуција на серијата, уверен е продуцентот, во буџетот на Република Македонија ќе се вратат повеќе од 200.000 долари, а серијата ќе биде прикажана низ целиот свет. Веќе, како што информира, е договорена дистрибуција во девет земји.

Промо материјалите и трејлерот овие денови ќе излезат во јавноста, подвлекува Грубишиќ.

Би можело да ве интересира

Првообвинетата во милионскиот скандал за фантомската серија „Македонија“ добила нови 180.000 денари од државата

Ана Василевска

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во Агенцијата за филм

Ана Ололовска

Јадран филм: Покренати нови кривични пријави и побарување од Горјан Тозија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Скандал „Македонија“: Кривична за Мими Ѓоргоска-Илиевска ја оштетила државата за 68 милиони денари

Наум Локоски

ОЈО ќе постапува по кривична пријава во врска со серијата „Македонија“

Ана Ололовска

„Јадран филм“ најави дека ќе ја тужи Агенцијата за филм, парите им биле незаконски одземени

Наум Локоски