Првообвинетата во милионскиот скандал за фантомската серија „Македонија“ добила нови 180.000 денари од државата

Од:

Првообвинетата во скандалот со милионите одобрени за фантомската серија „Македонија“ добила поддршка од 180.000 денари за проект на последниот конкурс на Министерството за култура. На поранешната директорка на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска пред Комисијата за проекти од Заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелното наследство ѝ е одобрен проект насловен „Аудиовизуелниот сектор и првите чекори на градење зелени практики“.

Од Државната комисија за спречување корупција велат дека во овој случај не е спорна законитоста на доделените средства од државниот буџет кон лице кое е под обвинение, но мора да се почитуваат препораките на антикорупциска што се однесуваат на етичноста и професионалноста кога се доделуваат јавни средства или функции.

„Во еден случај претходно, реагиравме кога беше назначен државен секретар во транспорт и врски, инаку  претходно осудуван човек. Треба да се води сметка кој добива јавни овластувања и располага со јавни средства. Иако според законот тука нема регулатива, мора да се води сметка за етичноста и професионалноста“, вели Биљана Ивановска од ДКСК.

По заминување од директорското место во Агенцијата за филм, Ѓоргоска-Илиевска беше вратена на претходното работно место во Управата за заштита на културното наследство како советник за библиотечни, аудиовизуелни и фонетични добра. Според описот на работното место, проектот е сосема соодветен да се реализира во рамките на тековните работни обврски и месечната плата.

Овие случаи каде што државни службеници добиваат дополнителни државни пари за проекти се исто така спорни, вели Ивановска.

„Потребна е поширока дебата за регулативите кога државни службеници добиваат пари за проекти од државата“, вели Ивановска.

По кривичните пријави на Управата за финансиска полиција од пред речиси три години, на 11 февруари скопското обвинителство поднесе обвинение за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување против Ѓоргоска-Илиевска, која во фукнција на директор, за правното лице „Јадран филм“ ДООЕЛ Скопје прибавила значителна имотна корист од 68 милини денари, односно еден милион и сто илјади евра.

За обвинетата во сила се претходно определени мерки на претпазливост.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во Агенцијата за филм

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Скандал „Македонија“: Кривична за Мими Ѓоргоска-Илиевска ја оштетила државата за 68 милиони денари

Наум Локоски

ОЈО ќе постапува по кривична пријава во врска со серијата „Македонија“

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Јадран филм“ преку Јутјуб ја претстави забранетата сцена од серијата „Македонија“

Ана Ололовска

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Наум Локоски

Ќе се спроведе истрага за серијата „Македонија“, продуцентите ќе треба да ги вратат парите

Ана Ололовска