ОЈО ќе постапува по кривична пријава во врска со серијата „Македонија“

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играната серија „Македонија“.

До ОЈО денеска од страна на Управата за финансиска полиција била поднесена кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Од обвинителството информираат дека лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000,оо денари. Имено, при постапката за финансирање на Проектот – играна серија „Македонија‘‘, осомниченото лице овозможило Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран Филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на Буџетот на Република Македонија.

ОЈО по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по истата се постапува.

Од обвинителството велат дека за понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.

Би можело да ве интересира

Првообвинетата во милионскиот скандал за фантомската серија „Македонија“ добила нови 180.000 денари од државата

Ана Василевска

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во Агенцијата за филм

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Скандал „Македонија“: Кривична за Мими Ѓоргоска-Илиевска ја оштетила државата за 68 милиони денари

Наум Локоски

ВИДЕО: „Јадран филм“ преку Јутјуб ја претстави забранетата сцена од серијата „Македонија“

Ана Ололовска

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Наум Локоски

Ќе се спроведе истрага за серијата „Македонија“, продуцентите ќе треба да ги вратат парите

Ана Ололовска