„Јадран филм“ најави дека ќе ја тужи Агенцијата за филм, парите им биле незаконски одземени

Од:

Во врска со информацијата дека првите 300 илјади евра државни пари се одземени од хрватската продукција „Јадран филм“ како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“, реагира продукцијата „Јадран филм“.

Венко Грубишиќ тврди дека не станува збор за постапка согласно Закон како што тврди в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

„Блокирањето на средствата на наменската сметка на „Јадран филм“за проектот „Македонија“ не е резултат, ниту пак е врз основа на некои истражни дејствија или барања од страна на Финансиската полиција или Јавното обвинителство. Напротив, станува збор за незаконско активирање на Извршната клаузула која стои во Договорот потпишан меѓу Агенцијата за филм и продуцентот. Станува збор за донесување на незаконска и самоиницијативна одлука од страна на в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој без Одлука на Управниот одбор на Агенцијата донел еднострана Одлука за раскинување на Договорот, која што Одлука по закон а и по Договор треба да ја потврди Управниот Одбор на Агенцијата“, пишува Грубишиќ во соопштението до јавноста.

„Јадран филм“, како што пишува Грубишиќ поднел тужби пред судовите во Република Македонија.

„Имаме валиден финансиски и ревизорски Извештај со кој се потврдува законското и наменското трошење на средствата поткрепен со соодветна документација. Финансискиот извештај и Ревизорскиот извештај во прилог со целокупната пропратна документација како и другите докази од страна на релевантни и стручни лица ќе бидат проследени до сите надлежни и релевантни институции во државава“, стои во соопштението.

Грубишиќ повторува дека понудил гранција на 25 септември за секој денар што го добил од државата. Според законот банковната гаранција, продукцијата требала да ја достави кога бил потпишан договорот, а епизодите од серијата да бидат доставени до 4 септември.

„ Доколку не е доволна нашата понуда за двострука финансиска гаранција за секој денар, која ја доставивме на 25.09.2017г. (во име на фирмата и лично, во прилог) воедно го користам ова соопштение да ја известам јавноста дека како матична фирма Јадран Филм Загреб овие средства во висина од 300.000,00 евра кои Тозија привремено а нелегално ги одзема, ќе ги инвестира од сопствени средства и ќе продолжи со снимањето на историскиот дел. Дали е уште нешто дополнително потребно да се докажат нашите намери, како и намерите на Горјан Тозија? Од каде е правото на Горјан Тозија да од Владата на РМ и од македонската јавност полни два месеца ја крие понудата за двострука финансиска гаранција? Треба да се запрашаме, доколку тоа што го говори Тозија е вистина, дали Јадран Филм дооел би ги чувал тие средства на својата сметка, и дали Тозија може противзаконски да ги одземе?“.

Грубишиќ, како доказ до македонските надлежни институции ја доставил пораката со извесен Борис Грегориќ која претходно беше објавена во македонските медиуми.

“Од неа сосема јасно се гледа дека средствата ги чувавме на сметката за снимање на историскиот дел и како такви според планираната динамика на буџетот и планот на снимање имавме намера тие да останат таму се до почетокот на снимањето на историскиот дел за што веќе се договорија Грегориќ и Тозија. Доколку Јадран Филм имаше било какви лоши намери, можеше тоа да го направи во било кој момент претходно. Тозија после неуспешниот рекет се реши за измама и сега се фали како успеал да ги ”врати” парите. И тоа баш парите наменети за снимање на историскиот дел на серијата. Сепак ние не сме Тозија за да за приватни потреби да злоупотребуваме државни пари. Од документот кој Ви го испраќаме сосема јасно се гледа дека Тозија и сега а во врска со ова ја манипулира целата јавност со провидни и евтини лаги. Покренавме судски постапки за поврат, но и за надокнада на штетата што ја предизвика Тозија“, пишува тој.

Нарекувајќи го повеќе пати директорот на Агенцијата за филм рекетар, Грубишиќ вели дека серијата ќе ја сними а правдата ќе ја бара во интитуциите и на крајот ќе достави финансиски извештај за секој потрошен денар.

Би можело да ве интересира

Јадран филм: Покренати нови кривични пријави и побарување од Горјан Тозија

Наум Локоски

Агенцијата за филм на РМ: Одземени 300 илјади евра од „Јадран филм“ за неисполнувањето на договорот

Ана Ололовска

Грубишиќ: По неуспешниот рекет, Тозија се нафрли на „Јадран филм“

Наум Локоски

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Наум Локоски