Разрешен Димитар Николов Таки, директорот на фестивалот „Браќа Манаки“

Од:

Друштвото на филмските работници, како основач на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, го разреши директорот Димитар Николов Таки и не го прифати неговиот извештај.

„На денешното Собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија членовите не го прифатија извештајот за минатогодишното издание на ИФФК “Браќа Манаки” и поради програмски несогласувања во однос на насоките во кои треба да се движи Фестивалот, од функцијата директор е разрешен Димитар Николов – Таки.“, стои во кусото соопштение од Друштвото на филмски работници.

Согласно Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија во наредниот период ќе биде распишан конкурс на кој ќе биде избран нов директор на Фестивалот.

Димитар Николов Таки во 2015 година беше назначен за директор на најголемиот филмски фестивал во државата, на таа позиција ја замени Лабина Митевска која 6 години беше директор на „Браќа Манаки“. Николов со зголемен буџет доделен од Агенцијата за филм, ги прошири програмите, го продолжи времетраењето на фестивалот. Од Друштвото на филмските работнци, засега нема детали за смената на Николов по само едно издание на фестивалот.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата