Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Од:

Библиотеката „Ал-Би“ од демирхисарското село Бабино промовира Водич низ културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар.

Станува збор за публикација, поддржана од Министерството за економија, сектор за туризам и угостителство со која се овозможува секој читател, посетител и турист да се запознае, како што вели издавачот Стево Степановски, со уникатната и недопрена убавина и да вкуси од демирхисарски специјалитети.

– Публикацијата е лесно читлива, во 40 страници на кои доминираат фотографии од селата Бабино, Слоештица, Смилево,Вирово, Жван, Железнец…манаститор во Слепче, цркви во демирхисарско и други објекти. Но, во публикацијата читателот може да прочита и за стариот даб кој се наоѓа во непосредна близина на манастирот !„Св. Петка“, за изворите на Црна Река, потоа за валавиците по течението на Бела Река и други реткости, истакна Степановски.

Во Водичот посебен дел е посветен на кулинарските богатства во демирхисарско и публикувани се рецепти за подготовка на бакрданик, ѓомлезе, кашаник, свирипиле, макало со грав и суви пиперки и друга, како што нагласи Степановски, вкусна храна позната за демирхисарското поднебје.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски