Пронајдена изгубената композиција на Моцарт

Од:

Музичкото дело кое се сметаше за изгубено, а заедники го напишаа австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт и неговиот италијански колега Антонио Салиери, пронајдено е во Прага.
– Таа заедничка композиција е пронајдена во складиштето на Националниот  музеј за музика, изјави потпаролката Сарка Доцкалова.

Ова дело, за кое „долго време се веруваше дека е изгубено“ ќе биде претставено утре и по тој повод и изведено.

Моцарт (1756-1791) неколку пати претстојувал во Прага, а на 29 октомври 1787 токму во тој град беше премиерно изведена неговата опера „Дон Жуан“ за кој либретото го напиша Лоренцо Да Понте (1749 – 1838), италијански поет и либретист.

Гласините, кои сите експерти ги отфрлија, дека Салиери (1750-1825) ја оркестрирал смртта на Моцарт, затоа што му завидувал на генијалноста, потекнуваат од приказната за „Моцарт и Салиери“ на рускиот  писател Александар Сергејевич Пушкин. Таа тема ја презеде англискиот драматург Питер Шафер за своето дело „Амадеус“ со кое чешкиот режисер Милош Форман, токму во Прага, го сними неговиот филм „Амадеус“ награден со осум Оскари во 1985 година.

Во 2016 година се одбележуваат 260 години од роденденот на Моцарт и 225-годишнината од неговата смрт. 

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор