Промовирани првите квир книги на македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Темплум“, вечерва ја провираше новата едиција насловена „Квир Сквер“, во која  се работи за преводи на делата „Морис“ од E. М. Форстер, „Збогум, Берлин“ од Кристофер Ишервуд и „Ред за ручек“ од Уршка Стерле. За овој вид литература говореа гостинот од Белград, Дејан Илиќ, Јасна Котевска, професор и Петар Стојковиќ, актер.

Актерот Петар Стојковиќ, кој неодамна во своја колумна проговори отворено за својата хомосексуална ориентација, рече дека излегувањето на оваа едиција е значаен културен момент за нашата средина во која владеат предрасуди кон хомосексуалците. Тој рече дека откако отворено проговорил, неговата куќа била два пати каменувана.

-Објавувањето на оваа едиција е исклучително позитивен чекор во насока на покажување на хуманата страна на ЛГБТ заедницата и сензибилизација на нашето општетество. Сите сме свесни дека промените прво настануваат во нас, а потоа во заедницата во која живееме.

Издавачот Никола Гелевски нагласи дека едицијата ја подготвувале неколку години и дека ова е прв пат на македонски јазик да се објават значајни дела кои се поврзани со темата на хомосексуална или друга – различна од хетеросексуалната ориентација.

-Квир е термин кој означува нешто што е без обрач. Зборот истовремено е и глагол и именка и придавка, означува процеси, штом нешто ќе се етаблира – веќе не е квир. Затоа објавувањето на овие книги носи и една силна субверзивна и алтернативна димензија, рече Гелевски.

Познатиот српски писател и издавач Дејан Илиќ рече дека овој термин станал погрден токму во периодот на настанувањето на националните држави во Европа.

-Екстремните националисти и хомофоби не знаат дека нивната естетика е хомо еротична и историски настанала токму во периодот на создавањето на националните држави.

Јасна Котевска рече дека во македонската литература има сосема малку примери каде се споменуваат различни сексуални определби и дека оваа едиција е значаен исчекор во смисла и на книжевно и на општествено отворање.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

Орце Костов

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“

А1он

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски

Објавена книгата „Хотел со големо Л“ од Шурд Кајпер

А1он

Книготека.мк: Преземете бесплатна книга од домашен или странски автор по ваш избор

А1он