Промовирани нови дела од едицијата „Македонски искушенија“

Од:

Четири нови дела од капиталната едиција „Македонски искушенија“ во која се содржани 50 нови изданија кои го воздигнуваат нашето историско минато, беа промовирани денеска во Порта Македонија. Станува збор за делата „Светите Кирил и Методиј“, „Пере Тошев“, „Дамјан Груев“ и „Најпознатите македонски војводи“.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето рече дека oваа едиција е надоврзување на првиот дел на овој исклучително значаен проект кој произлегол од големата продукција на документарни филмови кои во изминатиот период ги реализирала Македонската радио телевизија, се со цел, како што рече, да го збогатат македонскиот книжевен и историски корпус и дополнително да ги афирмираат личностите и настаните кои оставиле длабока трага во македонската историја.

Посочи дека надоврзувајќи се на овие филмови создале едно книжевно богатство кое е потврда дека нашето минато, темно или болно, контроверзно или афирмативно, оставило длабок печат врз нашата сегашност и нашиот идентитет. Во тој контекст, нагласи министерката, секој читател на овие изданија кој воедно може да го погледне и документарниот филм кој е во прилог на книгите, има можност објективно да се соочи со нашето минато, реално согледувајќи ја комплексноста на нашата актуелна сегашност како држава.

– Токму затоа, овие изданија имаат исклучително значење за нас и за идните генерации бидејќи преку нив ние ќе се стекнеме со бројни сознанија за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија, за револуционерната и духовната сила на нашите претходници во остварувањето на државотворните цели. Всушност едицијата Македонски искушенија е симболично кажано своевиден стожер на културниот идентитет на Република Македонија на крстопатот на светските цивилизации но, и во актуелните глобални политички превирања на модерното време, рече Канческа – Милевска.

Нагласи дека на денешната промоција претставуваат дела кои се однесуваат на личности од епохата на македонската револуционерна борба од крајот на XIX и почетокот на XX век, како и едно дело од нашето културно-историско минато од средновековниот период. Овие книги, истакна, се збогатени со копии од документарните филмови кои беа емитувани на Македонската радио телевизија.

Таа рече дека денеска ја претставуваат книгата посветена на христијанските рамноапостоли и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои првпат го активирале феноменот на словенскиот фактор како своевиден политички, црковен или културолошки баланс во идниот растеж на европската цивилизација и култура преку источната и западната традиција.

Меѓу насловите кои ги претставуваме пред нашата читателска публика, посочи, е и публикацијата посветена на еден од најистакнатите македонски револуционери и предводници на Илинденското востание, Дамјан Груев, која ни го доловува ликот и делото на човекот кој бил спиритус агенс на Македонската револуционерна организација.

Нагласи дека неговиот лик е симбол на македонскиот опстој и непокор, пример за човечноста, доблеста и одлучноста, да се истрае во борбата за идеалите, да не се потклекне се до последниот здив во вербата и борбата за слободна Македонија.

– Втората книга од овој период е посветена на Пере Тошев, уште една маркантна фигура во македонското револуционерно движење, која и даде свој белег на целата македонска илинденска епоха и го зазеде своето заслужено место меѓу четворицата великани заедно со Гоце Делчев, Дамјан Груев и Ѓорче Петров. Ако Делчев беше апостолот на македонското револуционерно движење, ако Ѓорче беше креаторот на надворешната политика на Организацијата, ако Дамјан Груев беше предводникот на Илинденската вооружена борба, тогаш за Пере Тошев може да се каже дека беше креатор на внатрешната политика и државното уредување на револуционерна Македонија, како демократска парламентарна држава во создавање, потенцира Канческа – Милевска.

Таа ја претстави и книгата која го претставува првиот том на делото „Најпознатите македонски војводи“ во кој е обработена појавата, развојот и основните начела на Четничкиот институт на МРО, кој всушност ја претставува нелегалната армија на ВМРО во тогашна османлиска Македонија.

Древната мудрост, посочи министерката, упатува на сознанието дека „Народите кои не ја почитуваат и не учат од сопствената историја, живеат со ризикот таа да им се повтори”.

– Обидите за оспорување на автентичноста на современата македонската историска мисла, никогаш не престанаа. Дури и денес, ние се соочуваме со суптилни но, и нескриени обиди, за проблематизирање на македонското битисување на овие простори низ призмата на обиди за нови политички редефинирања на Балканот и пошироко. Од тука едицијата „Македонски искушенија“ е една нова поткрепа на постаментот на историската вистина за Македонците – свои на своето, со јасно изразен став, интерес и желба за соработка со останатите народи, како можеби мал, но, секако значаен прилог кон современата реалност на светската цивилизација, додаде Канческа – Милевска.

Промоторот проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски рече дека делото „Светите Кирил и Методиј“, подготвено од Тони Филиповски, Илија Велев и Ратомир Грозданоски, реномирани научници и одлични познавачи на оваа тема, е дел од едицијата „Македонски искушенија“, составена од избор на значајни личности и настани коишто влијаеле врз градењето и надградувањето на културниот и духовниот живот на овие простори, а којашто содржи сценарија за документарни филмови од македонската духовна и културна историја, – сето тоа пропратено со богат и разновиден илустриран материјал.

Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, посочи, е апостолска и просветителска за словенските народи, евангелизаторска за цела Европа и егземпларна и историска за целиот христијански свет, мисија, која во својот црковен историски контекст познава различности, противположности и разидувања, мисија која почнува токму од овие простори и која својот прв вистински плодонос ќе го забележи токму тука, од каде што сè и започна…

Според него, делувањето на светите Кирил и Методиј е класичен пример на она што денес се именува како инкултурација: кога секој народ во сопствената култура ја прифаќа објавената порака на Евангелието и изразот на вечните вистини на сопствениот јазик.

– Ова претпоставува напорен потфат на „превод“, затоа што подразбира индивидуализација на адекватни термини, без притоа тие да го изменат или осиромашат богатството на Словото на Откровението.Слово и Словени. Јазичнaтa операција инаугурирана од страна на двајцата солунски браќа беше исклучителен културен потфат. Така денес повеќе од 435 милиони кои говорат на некој од словенските јазици можат читаат Евангелието на мајчин јазик, а околу 360 милиони користат кирилично писмо. Значи, Кирилометодиевата мисија не може да се сведе исклучиво во рамките на културно делување, кое се послужило со религиозно библиско-литургиска алатка, но истовремено е неспорно дека тие се татковци на културата, дури и за оние кои веќе не се препознаваат како дел од христијанската традиција, нагласи Ѓорѓевски..

А нивната активност, која првенствено е евангелско-просветителска, истакна Ѓорѓевски, не можеше, а да не биде и цивилизациска.

– Мисијата и културата се испреплетуваат во ова дело, затоа што и секоја автентична порака на верата е истовремено и информативна, и перформативна. Оваа книга е снажен спомен за големите учители и просветители, но и израз на благодарна почит за сето тоа што светите браќа го имаат сторено за сите народи, а посебно за нашиот народ. Како што беше спомнато, тие се наши духовни родители, а ним, како и на телесните, ние не можеме никогаш да им се оддолжиме, но не смееме да престанеме да се обидуваме тоа да го чиниме. Затоа што преголем е дарот којшто светите браќа ни го оставиле во наследство, дар кој со себе носи и аманет за незаборав за навек, додаде Ѓорѓевски.

Промоторот проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев рече дека човекот отсекогаш имал интерес да ги следи, да го проучува својот идентитет. Ако ги погледнеме рафтовите на националните библиотеки во светот, посочи, повторно ќе се увериме дека книгите со историски содржини се едни од најприсутните книги во тој контекст.

– Сведоци сме дека често пати во последно време ни се забележува дека сме заробеници на минатото, дека не гледаме во иднината, а во едно исто време постојано слушаме политички изјави од сите страни во кои се вели стоп за македонизмот во кои се оспорува нашиот јазичен, некогаш културен, некогаш национален и воопшто со тоа се оспорува нашиот државнотворен карактер и правото на нашата држава, истакна Ѓорѓиев.

Тоа што правиме ние, потенцира, не е ништо повеќе од другите, напротив ние сме многу поназад. Според него, за чување на историското сознание, на историската свест во светот постојат разни институции, почнувајќи од библиотеки, архиви, музеи…, а во последно време се повеќе се актуелизира и на еден визуелен начин низ електронските медиуми.

– Нашето што го правиме овде не е одговор на анахроните идеи од минатиот век, иако можеби звучи сега ирационално да зборуваме за анахрони идеи, меѓутоа со оглед на тоа што се оспоруваат сите параметри на нашиот и национален идентитет и на нашата државност, ние што можеме да направиме во моментот најмалку е ова за на еден сублимиран начин врз основа на нашите видувања за нашиот идентитет да ги раскажеме и пренесеме нашите пораки, нашите приказни за нашите поколенија, бидејќи навистина во овој трети милениум кога информациите се на дофат на секоја рака и се лиферуваат севозможни инспирации лесно може да потпаднат многу луѓе нудејќи им се поинакви верзии за нашето минато, рече Ѓорѓиев.

Осврнувајќи се на делата „Пере Тошев“, „Дамјан Груев“ и „Најпознатите македонски војводи“ рече дека станува збор за монографии од нашето револуционерно минато, од нашите илинденци

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“

А1он

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски

Објавена книгата „Хотел со големо Л“ од Шурд Кајпер

А1он