Промоција на публикација за клучните автори во македонската мултимедијална уметност

Од:

Во просториите на галеријата „Остен“ в четврток (25 јануари) ќе се случи промоција на публикацијата „Визуелните уметности во Македонија – ХХ век / Книга 2: Мултимедијална уметност“.

Оваа публикација се фокусира на строгата селекција на авторите од визуелните уметности во ХХ век, кои ги обележуваат зародокот, развитокот и подемот на визуелната емпирија што ги изместува кодовите на вообичаените дисциплини во оваа сфера на творештво.

Акцентот е ставен на оние учесници во ликовното презентирање кои биле нагласено иновативни и поекспонирани на изложбите во државава и во странство, како аргументи подеднакво за нивната активност и вредносна стојност. Поконкретно, ова издание се фокусира на 42 творци родени во периодот од 1936 до 1974. Публикацијата е во издание на „Остен“, автор на текстот е Соња Абаџиева, а промотор на истата ќе биде Небојша Вилиќ.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“