Во Музејот на македонската борба вечер од 19.30 часот ќе биде промовирана монографијата „Македонија – мојот живот“ од Киро Кипроски, посветена на животот и делото на Гојко Јаковлевски.
Изданието ќе го промовираат доцент д-р Светлана Вељаноска и Виктор Цветановски, новинар и публицист.
Промоцијата ќе биде збогатена со настап на Виолета Томовска, Ванчо Тарабунов и оркестарот на ансамблот „Танец“.