Книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ приредена од Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја, ќе биде промовирана вечер во Музејот на Град Скопје.
За книгата и за делото на Живко Поповски ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, проф. архитект Мартин Гулевски и поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.
Книгата преставува комплетна збирка на текстови, колумни и интервјуа кои архитектот Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, надополнета со авторски цртежи и два воведни текста од приредувачките.