Промоција на книгата „Филм.МКД“ вечерва на Синедејс

Од:

Во галеријата на МКЦ, вечерва (16 ноември), во 19 часот, во рамките на 14. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“, ќе се одржи промоцијата на десеттата книга во есеистичката едиција на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, насловена „Филм.МКД“ на авторот Игор Анѓелков.

За книгата ќе зборуваат промоторот Роберт Насков, претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, и рецензентката на книгата, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Агенцијата за филм на РМ.

Игор Анѓелков (1974) магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со медиско третирање на филмската уметност активно се занимава од 1997 година. Бил член на жиријата на домашните фестивали „Македокс“, „Осфаф“, „Ехо“… „Филм.мкд“ е негова прва теориска книга, по збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013).

filmmkd

„Конципирајќи ја книгата со мешавина од интервјуа и рецензии низ кои прави пресек токму на филмот во Македонија во новиот милениум, Анѓелков успева да проникне во филмската приказна на овие простори, создавајќи дело кое од една страна фактографски го проследува филмот во Македонија во 21. век низ сведоштва на директните протагонисти во приказната, а од друга страна истото претставува документ-тестамент за едно време во кое филмската уметност кај нас создаде дела кои од различен агол зборуваат за тешката транзиција, но и нè навраќаат во некои минати времиња, препрочитувајќи ја историјата на автентичен, авторски начин.

Имајќи го предвид горенаведеното, сметам дека вакви филмолошки изданија се еден од клучните сегменти за развој на филмската култура, а воедно се потребни и за генерациите кои во иднина ќе го проучуваат македонскиот филм и историјата на македонската кинематографија.“, пишува м-р Мими Ѓоргоска Илиевска, рецензент на изданието

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Со премиерата на филмот „М“ отворен 22. CINEDAYS

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Премиера на филмот „Синиот час“ на 13-ти јули во МКЦ парк кино

Ана Ололовска