Промоција на ДВД и книга од Љубиша Георгиевски

Од:

По повод 55 години творештво и 77 години од раѓањето на Љубиша Георгиевски, доајенот на македонската филмска и театарска уметност, утре во Кинотеката на Македонија ќе бидат промовирани ДВД издание со дигитализираниот филмски опус и книгата „Театарски магии – Мнемопис“ со текстови на Георгиевски.

Комплетот од пет ДВД-ја ги содржи долгометражните филмови „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Репубиката во пламен“ (1969) и „Цената на градот“ (1970), краткометражните „Не“ (1966) и „Патека“ (1967) и документарниот филм „Nic Tramsit Gloria Mundi“/ Хераклеа“ (1974).

ДВД-јата со филмови на Георгиевски ќе ги промовира Илинденка Петрушева, филмолог и филмски критичар, додека за книгата на Георгиевски ќе говори проф. д-р Јелена Лужина, театролог и приредувач на ова книжевно издание за „Макавеј.“

Дигитализацијата на филмовите произлезе од проектот на Кинотеката на Македонија за дигитална реставрација на најдоброто од македонската национална филмска продукција. Во рамки на овој проект досега беа дигитализирани и издадени филмовите на Столе Попов и на Браќата Манаки, а во тек е дигитализацијата на филмските остварувања на Милчо Манчевски.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“