Проект на УСАИД „Со читање до лидерство“

Од:

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во декември ќе реализира Facebook кампања за здрави читачки навики кај најмладите деца и ученици. Целта на кампањата е да се подигне свеста за важноста на почетната јазична и математичка писменост и да се поттикнат родителите и останатите членови од семејството на најмладите ученици редовно да читаат со своите деца во домот.

Кампањата ќе се одвива на официјалните Facebook страници на УСАИД Македонија и Фондацијата „Чекор по чекор“ и во нејзини рамки редовно ќе се споделуваат совети за тоа како може да им помогнеме на најмладите да изградат здрави навики и култура на читање и учење. Доктор Читко, маскотата и херојот на кампањата, редовно ќе споделува совети, идеи и ресурси за да ги поттикне родителите да читаат по 20 минути на ден со своите деца.

Во рамки на кампањата ќе биде отворен и повик за споделување фотограии и видеа од родителите додека читаат со своите деца, за што секој учесник ќе биде награден со сликовници и останати изненадувања.

Проектот на УСАИД „Со читање го лидерство“ го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во соработка со Министерството за образование и наука и сите основни училишта во Република Македонија. Целта на проектот е да се проценат и подобрат јазичните и математичките вештини на учениците од почетните одделенија, да се унапредат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста на целокупната јавност за важноста од овие почетни вештини неопходни за развој и успех на најмладите ученици.

Во рамки на проектот, првпат во државата се адаптирани меѓународни алатки за процена на почетната јазична и математичка писменот. Проектот подготви и „Библиотека на тркала“ која ги посетува училиштата и eлектронска библиотека со аудио-дигитални сликовници и активности достапни за целата јавност. Во 2015 година, проектот отпечати и дистрибуира повеќе од 120.000 копии сликовници до сите основни училишта и јавни библиотеки во Република Македонија. Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ќе се спроведува до ноември 2017 година.

Би можело да ве интересира

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Трамп: Украдени се милијарди долари од УСАИД

Бил Гејтс бара УСАИД да продолжи со својата работа

Трамп одлучи: Згаснува УСАИД

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

ВИДЕО: „Криминалци“ и „радикални левичарски лудаци“ велат Маск и Трамп за УСАИД, демократите на протест