Признанија за претставата „Дони Дарк“ на Театар Комедија од граѓанското општество

Од:

Синоќа во Театар Комедија, по прекрасната изведба на претставата „Дони Дарк“, беа доделени благодарници на Театар Комедија и режисерот на претставата Роберт Ристов од страна на Lions Club NEW CENTURY- Македонија.

Благодарница за Театар Комедија, му беше врачена на в.д. директорот Сашо Ристовски за посветеноста кон целосната инклузија на лицата со попречености и прекрасната можност за подигнување на јавната свест за слепите лица кои се дел од нашето општество, а втората благодарница беше за режисерот на претствата Роберт Ристов, за одличната режија на ДОНИ ДАРК и личниот придонес кон подигнувањето на јавната свест за слепите лица кои се дел од нашето општество.

На синоќашната изведба во публиката беа присутни министерот за култура, Асаф Адеми и тимот од неговиот кабинет.

После бројните награди на фестивалите во регионов за актерите, признанието од граѓанското општество како да го заокружи успехот на оваа романтична комедија. Ова докажува дека претставата ДОНИ ДАРК е социјално ангажирана претстава со посебна естетика и високи уметнички вредности, која мора да се погледне.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

A1on

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов