Преку танц, филм и глума ќе се промовираат хуманите вредности

Од:

Сите љубители на танцот, филмот и глумата можат да бидат дел од хуманитарниот настан што вечер ќе се одржи во клуб-ресторанот МКЦ. Предвидена е промоција на документарен филм во продукција на GPTM Production, стенд-ап шоу со Бојан Велевски и настап на бендот Problem Solved.

Организатори на настанот се младите волонтери при општинската организација на Црвениот крст Центар по повод Неделата на промоција на хуманите вредности, која со одлука на Извршниот одбор на Црвениот крст на Македонија се реализира од 21 до 27 септември.

Влезот чини 30 денари, а собраните средства од овие хуманитарни шоуа низ целата држава ќе бидат искористени за помош на една целна група.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска