Преку 1.000 маски на карневалот „Прочка“ во Прилеп

Од:

Над 1.000 маскирани од земјава и странство денеска дефилираа во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“ и на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ на меѓународниот карневал „Прочка 2017“.

Дефилето на плоштадот го отвори препознатливата прилепска маска „Мечкари“.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески карневалот прерасна во бренд на Прилеп и Македонија.

– Денеска на карневалот „Прочка дефилираат преку 1.000 маскирани од Прилеп, земјава и гости од Италија, Бугарија, Албанија и од Србија. На карневалот има мнолгу креативни маски и ова е своевиден спектакл. „Прочка“ е туристички бренд не само на Прилеп туку и на Македонија нека е за многу години и нека ни простат сите ако сме им згрешиле, рече Ристески.

За Ванчо Ѓеоргиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ е многу битно и што прв пат се одржа Меѓународна конференција на етнолозите од Србија, Бугарија и од Македонија за карневалските традиции на Балканот, а за прв пат дојдоа организирано и туристи од Бугарија.

– Прилепскиот карневал „Прочка“ прераснува од европски и во светски. Многу е важно што етнолозите од Балканот вчера дебатираа на првата научна конференција за карневалските традиции и маскирањето на Балканот со што ќе остане и пишан документ, а веќе на овој карнев ни пристигнаа организирано и туристи од Бугарија, прв пат со што ефектот се развива и карневалскиот туризам, рече Георгиев.

Низ булеварот „Гоце Делчев“ дефилираа, а на плоштадот „Методија Анднов Ченто“ се претставија маските од земјава и од странство. Здружението „Прочкари“ претстави и оригинална маска насловена „Астерикс и обелиск от Прилеп“.

Стручно жири ќе ги прогласи и најдобрите маски на годинашниов карневал, а според традициите утре во манастирот „Свети Ѓорѓија“ прилепските касапи кои се автори на препознатливата прилепска маска „мечкарите“ за гостите ќе го приредат традиционалниот посен ручек.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски