Почнуваат Деновите на кинескиот филм

Од:

По повод Празникот на фенерите, со кој се означува крајот на двонеделното празнување на кинеските новогодишни празници. Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од денеска до 16 февруари во Кинотеката на Македонија организира Денови на кинескиот филм.

Ќе бидат прикажани пет репрезентативни филмови од современата кинеска кинематографија, снимени од 2003 до 2013 година. Настанот се реализира во соработка со дистрибутерската куќа „КТ Филм и Медиа“.

Филмската ревија вечер ќе почне со документарниот филм „Залак од Кина: Подарокот од природата“ од 2012 година, посветен на историјата на храната, јадењето и готвењето во Кина.

Во понеделник публиката ќе може да го види играниот филм „Равенка за љубовта и смртта“ по сценарио и режија на Баопинг Цао, снимен во 2012, а во наредните денови ќе бидат прикажани и играните филмови: „Двајца стануваат еден“ од 2006 во режија на Винг-чеонг Лоу; „Мобилен телефон“ на режисерот Сјаоганг Фенг снимен во 2003 и „Љубовен миг“ во режија на Гавин Лин од 2013 година. Сите проекции се бесплатни.

– Многумина Кина ја поврзуваат со древна цивилизација стара 5000 години, замислуваат слики на дрвени предмети и скулптури, додека сликите од современа Кина се скриени и непознати. Филмовите го претставуваат токму неодоливиот и непосреден дух на современа Кина, соопшти „КТ Филм и Медиа“.

На отворањето на Деновите на кинескиот филм ќе се обрати кинескиот директор на Институтот „Конфуциј“ проф. д-р Денг Шиџонг, а за значењето на современата кинеска кинематографија ќе зборува филмскиот режисер Саша Станишиќ.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата