Почина големиот француски режисер Бертран Таверние

Од:

Францускиот филмски работник и човек со убедувања, режисерот Бертран Таверние почина на 79-годишна возраст. Со „Судијата и Убиецот“, „Бришка“ или „Живот и ништо друго“, тој ги напиша некои од најубавите страници на Седмата уметност.

Таверние, како син на припадник на отпорот, ги осудуваше сите неправдите. Се побуни против материјализмот во една ера која цената на филмовите ја сметаше за аргумент за ценење.

Зад камерите зачекори релативно доцна, кога имаше 33 години, со филмот „Часовничарот од Сен Пол“. По оваа многу успешна проба, Таверние продолжи со два извонредни филмови: „Нека забавата почне“ и „Судијата и Убиецот“

Љубопитен за се Таверние ја овековечи традицијата на француски квалитет, поткопана од Новиот бран. Се обиде во сите жанрови, се обиде во сите регистри, од најбрутален до најкревок, од најтрагичен до најкомичен.

Повеќето од неговите 26 играни филмови претставуваат едни од најславните делови на француската кинематографија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето