По неколкудневна работилница, утре џез настап на ФМУ

Од:

Утре ќе се одржи јавен настап на Факултетот за музичка уметност од 13 часот, што ќе биде заокружување на џез работилница со Анѓелко Ступар од Србија, удирачки инструменти и Матјаш Гајер, австриски пијанист. Работилницата започна на 25-те феврурари.

Анѓелко Ступар е роден во Зрењанин, Србија. Ги завршил студиите на Универзитетот за уметности во Грац, каде живее како активен професионален музичар. Соработувал со познати светски имиња како Душко Гојковиќ, Стјепко Гут, Фриц Пауер, Карл Рацер, Игор Ламперт, Даниел Несих, Клаус Ребл, Ед Ноемајстер, Дон Менза, Клаудио Фасоли, Вања Кевресан, Милан Николиќ и многу други.

Пијанистот Матјаш Гајер почнал да учи џез уште на 10-годишна возраст, под влијание на музиката на Кит Џерет, Брад Мелдау, Винтон Кели, Џон Колтрејн и Мајкл Брекер. Настапувал во различни формации низ Унгарија, Велика Британија, Франција, Хрватска, Чешка, Словакија и Австрија.

Добитник е на неколку награди од кои најзначајни се: наградата-стипендија за студии на Музичката школа Беркли во Бостон (2009)доделена од Фестивалот во Перуџа (Италија), Прва награда на Jazz Piano Talent Competition во Будимпешта (2011), Втора награда на International Jazz Piano Competition во Фрајбург (2012) и други. Активно се занимава и со педагогија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски