Отворено кино кај велешкиот театар „Јордан Хаџи Константин – Џинот”

Од:

Во 21 часот вечер на паркингот кај велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на отворено ќе биде прикажан филмот на Бранко Гапо „Време, води“. Гледањето на филмот за сите љубители на филмската уметност од Велес е бесплатно.

Проекцијата на филмови од режисерот Бранко Гапо започнаа во неделата вечер со прикажување на фолмот „Истрел“. Последен филм во овој циклус филмови на Бранко Гапо на 13 август на отворено а овој пат кај Винаарија „Шато Сопот“ ќе биде прикажан филмот „Македонска сага“.

Инаку проекцијата на филмови под отворено небо е придружна програма во рамки на годинашниот 18 по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ 2021.

Неговата програма продолжува утревечер на сцената на велешкиот театар со премиерата на претставата „Едип коментари“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он