Отворена изложба „Свадбите во Тиквешијата некогаш и денес”

Од:

Во музеј-галеријата во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на фотографии насловена „Свадбите во Тиквешијата некогаш и денес”. Изложбата ја организираа Фото-студио „Експрес” и кавадаречкиот музеј.

​- Најстарата фотографија со која е овековечена една свадба ни е од 1913 година. Изложбата содржи 150 фотографии од повеќе автори, информираше директорот на музејот Петре Камчевски.

​Меѓу фотографиите се и тие од свадбите на Васил Хаџиманов, Никола Бадев и други познати кавадарчани.

​- Денес нашите клиенти се со многу поголеми барања, тие сакаат фотографиите да бидат репортерски, документарни и уметнички. Фотосесиите ги правиме не само во студио под светла, но и на несекојдневни локации, како во кругот на спомен-паркот посветен на 12 ваташки младинци. Работата е многу одговорна оти овој чин од животот на младите нема реприза. Порано филмот можел да се оштети, а сега картичката од дигиталниот апарат многу лесно може да се избрише ако не се внимава, рече Тони Коцев, еден од сопствениците на „Експрес”.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“