Отворен мини саем на книгата во Струмица

Од:

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска е отворен третиот мини саем на книгата.

Во организација на Младинскиот совет-Струмица, Академијата „АБЦ“, локалната установа Библиотека „Благој Јанков Мучето“ и „Сим Компани“ од Струмица, а со поддршка на општина Струмица, на саемот се претставија повеќе издавачи од земјава.

– Се надеваме дека струмичани ќе покажат интерес и ќе си купат по некоја книга, рече Јорданчо Јорданов од Издавачката куќа „Наша култура“.

Саемот за отворен го прогласи членот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

– Не постои ниту едно материјално богатство кое може да биде поголемо од духовното богатство кое ни го нуди книгата. Колку повеќе се дружиме со книгата, толку повеќе сме подобри, покултурни, почовечни и со повеќе сознанија за светот во кој живееме, рече Христов.

Мини саемот на книгата е отворен до недела.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски