Отворање стрип изложба „Страшила“ на Берин Тузлиќ

Од:

Стрип изложбата „Страшила“ на босански автор Берин Тузлиќ вечер ќе биде отворена во Кинотека на Македонија.

Изложбата беше презентирана во повеќе градови во Босна и Херцеговина, како и во Загреб, Единбург и Рим, а после Скопје ќе патува за Белград, Подгорица и Тирана.

Делата на Тузлиќ се прикажувани на многу меѓународни филмски фестивали низ целиот свет, во Франција, Јапонија, САД, Кина… и низ целиот балкански регион.

Берин Тузлиќ е креативен директор на маркетинг агенцијата „Виа медиа“ во Босна, и претседател на босанската бранша на АСИФА – Меѓународната асоцијација за анимирани филмови.

Стрипот „Страшила“ беше издаден во Босна и Херцеговина преку издавачката куќа „Пиксел Сарајево”, а оваа година и во Велика Британија од страна на „Комик Бру“, шкотска издавачка куќа во која главен уредник е македонскиот режисер Гоце Цветановски.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“