Изложба на Душан Стефановски на „Културно лето во МОФ – Cult+Alt+Repat“

Од:

Во дворот на Младински образовен форум – МОФ (улица „Дренак“ 34 а), вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на младиот уметник Душан Стефановски, во рамки на „Културно лето во МОФ“ кое ќе трае од денеска до 31 август 2021.

Организаторите, МОФ и Радио МОФ, соопштија дека преку „Cult+Alt+Repeat“ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за култура и младинска дружба и активизам.

– Низ повеќе настани младите ќе имаат можност да се социјализираат, да се запознаат, да слушаат квалитетна домашна музика, да научат да цртаат и дизајнираат со дигитални алатки, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн., соопштија Младински образовен форум и Радио МОФ.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“