Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Од:

По повод одбележувањето на 21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска ќе се промовира проектот „Година на книгата, книга за секое дете“, а ќе биде поставена и тематска изложба на книги на македонски, турски, албански, ромски, српски, хрватски, бошњачки јазик и други јазици.

Проектот „Година на книгата, книга за секое дете“ има за цел масовно бесплатно зачленување на децата кои посетуваат предучилишни установи и центри за ран детски развој, поголема популаризација и промоција на читањето книги и достапност за сите деца со цел правилен интелектуален развој и полесно поаѓање во прво одделение.

Во првата фаза од проектот ќе бидат вклучени дечиња од градинките „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски цвет“ – Битола.

Инаку, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција.

Во 2000 година, 21 февруари е промовиран и како Ден на лингвистичката и културна разновидност и мултилингвизам.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март