Одбележани 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“

Од:

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура -МСМЈЛК при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со свечен настан го одбележа јубилејот 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, информираат од МСМЈЛК.

Свое поздравно обраќање на настанот имаше ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој истакна дека мостот меѓу двете земји и двата народа функционира одлично.

– Овде и денес се присутни луѓето кои покажуваат дека мостот помеѓу двата универзитета, меѓу „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, меѓу Скопје и Москва, меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден денес. Овде и денес се присутни луѓето кои се гаранција дека оваа врска ќе функцонира уште долго и дека ќе поврзува нови и нови генерации македонисти и слависти од двете земји“, истакнал ректорот.

Амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија, Сергеј Александрович Баздникин, го повтори ставот дека за руската научна мисла не постои никаква дилема околу постоењето, односно автентичноста и посебноста на македонскиот јазик како рамноправен јазик во големото семејство на јужнословенски јазици и изразил големо задоволство од ова одбележување.

Како што стои во соопштението од МСМЈЛК, на настанот се обратија и деканите на филолошките факултети од на МГУ „М. В. Ломоносов“и УКИМ, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт и проф. д-р Анета Дучевска, а работниот дел на настанот го отворила директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Со свои излагања, во работниот дел на настанот учествуваа: академик Ала Шешкен, проф. д-р Максим Каранфиловски, д-р Елена Верижникова, Роза Тасевска, м-р Марија Пандева и студентите по македонистика на Катедрата за словенска филологија на Московскиот државен универзитет – на сите нивоа, додипломски, постдипломски и докторски студии.

Од МСМЈЛК информираат дека по одбележувањето на овој јубилеј – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, во наредниот период ќе се случи и одбележувањето на уште еден јубилеј – 35 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет, а се планира и промоција на Зборникот од Првата зимска школа на МСМЈЛК – „Конески на 11 јазици“.

Сите настани се дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остваруваат во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката