Објавен повик за работилници за филмска критика

Од:

Гледај.мк, во соработка со Europe House Skopje, организира две викенд работилници за филмска критика, на 17 и 18 април и на 15 и 16 мај годинава.

-Освен учество на двете дводневни викенд работилници во април и мај, младите рецензенти континуирано ќе се охрабруваат да ги развиваат своите вештини за креативно пишување и критичко мислење преку работа и објава на најмалку две филмски рецензии помеѓу двете викенд работилници. По завршувањето на работилниците, сите учесници ќе добијат можност за дополнително менторирање и редовно објавување на рецензиите на gledaj.mkc.mk и во партнерските медиуми, соопштија од тимот на Гледај.мк.

Работилниците се наменети за млади луѓе (помеѓу 16 и 29 години) кои живеат/престојуваат во Скопје. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за учество на работилниците може да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк: https://forms.gle/kNSpKLgCiiN3JEVJ6.

Крајниот рок за пријавување на повикот е 9-ти април (петок), 23:59 часот. Логистички детали за одржувањето на работилниците, како и детална агенда, ќе бидат споделени со избраните учесници на работилниците во вторник (13-ти април).

Од Гледај.мк информираат дека работилниците ќе се одвиваат под водство на менторите Васко Маглешов и Јована Ѓорѓиовска. Ќе се одвиваат во согласност со сите протоколи за заштита од Ковид-19, во просториите на Europe House Skopje и/или во хибриден формат преку дигитални алатки за комуникација, во зависност од епидемиолошката состојба.

Гледај.мк е неформален колектив за филмска и театарска критика кој веќе три години активно поддржува млади рецензенти кои континуирано се едуцираат за културата и аргументирано се изразуваат за остварувањата кои ги гледаат. За сите посетени настани, рецензентите редовно објавуваат рецензии охрабрувајќи ја дискусијата помеѓу уметниците како создаватели на делата и публиката како нивен активен и информиран гледач.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето