Нов фрескопис во црквата „Св.Атанасиј“ во Оризари, Кочанско

Од:

Целосно е завршена обновата на фасадата и фрескоживописот во цркавата „Св.Атанасиј“, Кочанско, информира Црковниот одбор од населбата Оризари.

Финансиските средства за оваа намена се обезедени од локалното население и преку донации од иселениците во странство.

– Црквата е градена во средината на 19 век, во 1846 година и фрескоживописана во одделни делови од внатрешноста од страна на иконописецот Исаија Џиков во 1875 година. Со собраните средства кои достигнаа околу 500 илади денари се насликаа нови фрески по ѕидовите, а се обнови и просторијата наменета за крштилница, истакна Кирил Димитриев од Одборот за обнова на црквата.

Свеченото преосветување на храмот „Св.Атанансиј“ го изврши митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со свештенослужители од Кочанско – архиерејското намесништво.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он