Никола Ристановски награден за најдобра машка улога

Од:

Македонскиот народен театар на 1 септември со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори 9. театарски фестивал „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште“, Нови Сад – Србија.

Во официјалната програма учествуваа 6 претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на Др. Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар.
Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници.

Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

Би можело да ве интересира

Почит и од млади и од стари колеги – Торта во драмски за 80 роденден на Коле Ангеловски

А1он

Прва читачка проба за претставата „Иванов“

Ана Ололовска

Гостување на Театар Куманово во Струмица со претставата „Секс и лаги“

Ана Ололовска

Овации за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска во Народниот театар во Софија

Премиера на претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски

Ана Ололовска

Опера и балет пушта тајфуни да ги згрее уметниците, публиката се жали дека се смрзнува на претставите, МНТ денес ќе го вклучи греењето

Маја Илиевска-Пачемска