Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

Од:

Во Кинотеката на Македонија од денеска до 6 октомври ќе се одржува Недела на современ јапонски филм во која ќе бидат прикажани пет филмови од јапонската кинематографија снимени од 2008 до 2015 година.

Филмската ревија ќе почне вечер во 20 часот со проекција на филмот „Насекаде околу нас“ во режија на Хашигучи Ријосуке.

Во наредните денови ќе бидат прикажани и филмовите: „Писмата“ во режија на Шоно Џиро; „Скиците од (градот) Каитан“ на режисерот Кумакири Казујоши; „Мајката на Пекоросу и нејзиниот живот“ на Морисаки Азума и „Да се биде добар“ во режија на Ох Мипо.

Сите филмови се со македонски и англиски превод. Проекциите почнуваат во 20 часот, а влезот за посетителите е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата