Недела на шпански филм во Кинотека од денеска до 21. октомври

Од:

Од денеска до 21 октомври во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмски циклус посветен на современиот шпански филм.

Ќе бидат прикажани седум филмови снимени во последните 20 години, со различен жанровски приод, а на кои заедничко им е тоа што се оценети со врвни оценки од домашната (шпанска) и странска јавност.

Циклусот започнува вечер со проекција на филмот „Метод“ во режија на Марсело Пињеиро. Во петок ќе биде прикажан „Кучето на градинарот“ на режисерот Пилар Миро, во сабота „По еден пишол за секоја рака“ во режија на Секс Гај, о недела филмот „Теза“ на Алехандро Аменабар.

Во понеделник, 19 октомври, љубителите на филмот ќе можат да го проследат „Дедото“ на Хосе Луис Гарси, наредниот ден ќе биде прикажан „Додека спиеш“ на Хауме Балагеро, а филмскиот цилус ќе заврши во среда со филмот „Ќелија“ на Даниел Монзон.

Со Неделата на шпанскиот филм 2015 во Кинотека на Македонија започнува сезоната на филмски циклуси по летниот период.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата