Народни песни за отворањето на Деновите на македонска музика

Од:

Со концерт на Македонската филхармонија насловен „Синтези“ на 28 март свечено ќе биде отворена годинашната манифестација „Денови на македонска музика“.

Концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев и ќе бидат изведени народни македонски песни аранжирани и оркестрирани од македонските автори Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Живојин Глишиќ, Драган Даутовски, Кокан Димушевски, Тодор Трајчевски, Сони Петровски, Горан Начевски, Дамјан Темков и Мајкл Бакрнчев.

– На концертот ќе бидат изведени бројни познати теми, меѓу кои: „Мори чупи Костурчанки“, „Кажи, кажи, либе Стано“, „Бор садила“, „А бре Македонче“, „Учи ме мајко, карај ме“, „По друм одам“, „Си заљубив едно моме“, „Јовано, Јованке“… а ќе настапат наши познати солисти: Драган Даутовски, Сузана Спасовска, „Леб и сол“, Ѓоко Таневски, Андријана Јаневска, Наде Талевска, Јана Бурческа, Иван Наумовски и други, информира Сојузот на композиторите на Македонија, организатор на фестивалот.

Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот. Влезот е бесплатен, а билети може да се резервираат на [email protected] или на тел.: 3119 824.

Манифестацијата „Денови на македонска музика“ се реализира под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор