Наградени најдобрите млади поети на 4. конкурс на Агенцијата за млади и спорт

Од:

Радица Стојанова за творбата „Неискажана” освои прво место на четвртиот конкурс на Агенцијата за млади и спорт за најдобри млади поети, на кој годинава пристигнале творби од 48 автори. „Невермор” на Елена Богдановска е второнаградена, а творбата „Река” на Никола Димитриевски ја доби третата награда.

Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели наградите за трите најдобри творби, кои имаат паричен износ од 20 илјади, 15 илјади и 10 илјади денари.

Директорот на АМС Дарко Каевски изјави дека е пријатно изненаден од бројот на пристигнати творби.

– Големо задоволство е да се биде со толку инспиративни млади луѓе, кои творат поезија. И оваа година пристигнаа голем број творби. Се надевам дека секоја година ќе има тенденција на зголемување, рече Каевски.

Наградените творби ги избра жири во состав Јовица Ивановски, Николина Андова-Шопова и Тихомир Јанчовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“