Награда за режисерот Гоце Цветановски во Белград

Од:

„Мал Дисконтинуитет во Времепросторот” на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата „Коскар“ за најдобар регионален филм на 9. издание на фестивалот за фантастични Филмови во Белград, Србија.

Според изјавата на жирито, наградата била доделена едногласно, а беше врачена од специјалниот гостин на фестивалот, легендарниот холивудски продуцент и режисер Мик Герис, кој е познат како режисер на култните хорор филмови „Sleepwalkers” по сценарио на Стивен Кинг, „Мува 2″, „Критерс 2″, серијата „The Stand” исто така според Стивен Кинг, и како продуцент на серијата „Мајстори на хоророт”.

Инаку филмот досега беше прикажан на 18 фестивали низ целиот свет, и двапати беше во трка за најдобар краток фантастичен европски филм. Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска, а филмот е независна копродукција меѓу 6 филмски компании од Македонија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето