Награда за архитектура „Милан Злоковиќ“ за Спомен-домот на Тоше Проески

Од:

Идејното решение за Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево доби награда „Милан Злоковиќ“ за најдобро архитектонско дело во регионот, соопшти Министерството за култура.

Авторот на идејното решение (Проектантското биро „Синдикат студио“) наградата ќе ја дели со авторите на романскиот проект за станбен комплекс во Букурешт, кој е номиниран и за Европската награда за архитектура „Mies van der Rohe”.

Одлуката ја донело меѓународно жири составено од претседателите на сите балкански асоцијации на архитекти. Жирито доделило и признанија за квалитетно архитектонско дело на автори од Хрватска, Црна Гора и од Србија.

Признанието за Спомен-домот на Тоше, кој е инвестиција на Владата на РМ и на Министерството за култура, ќе биде доделено в петок во Белград, во рамки на годишната изложба на Асоцијацијата на српски архитекти.

– Спомен-домот посветен на македонската музичка икона Тоше Проески, изграден на Гумење во Крушево, е една од повеќето капитални инвестиции што ги реализираше Владата на Република Македонија и Министерството за култура во изминатиот период. Овој објект, со кој на достоинствен начин  е  одбележан  споменот  за  оваа  наша музичка легенда, досега имал над 200.000 посетители, информира Министерството за култура.

Во 2011 година Спомен-домот ја освои и престижната награда „People`s Choice Awards“ за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, во конкуренција на 704 објекти од цел свет.

Би можело да ве интересира

Истражувавме за вас-актуелните трендови во архитектурата?

Предраг Петровиќ

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Пендаровски ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело во 2021 година

А1он

Архитектот Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска