Националната галерија ја споделува уметноста на децата кои се заблагодаруваат на хероите во корона кризата

Од:

И покрај тоа што сме затворени за време на пандемијата Ковид-19, Националната галерија соопшти дека ја продолжува својата мисија во доменот на едукацијата, овој пат со охрабрување на сите деца кои треба да направат уметнички дела, со кои ќе им се заблагодарат на хероите на нашата заедница.

– Ги охрабруваме семејствата и децата да направат и споделат уметност заснована на темата „Нашите херои!“ Херои можат да бидат сите, покрај докторите, медицинските сестри како и целиот персонал во здравството, касиерката во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за Вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата, посочуваат од Националната галерија за оваа акција чија цел е поттикнување на креативноста на децата во време на ограничено движење поради коронавирусот.

Воедно, од децата се бара да кажат зошто нивните херои се херои со вклучување краток опис кон нивните уметнички дела (максимум 150 зборови), или кратко видео од детската изјава снимена со телефон, а како опција е оставено да се наведе името и презимето на младиот уметник и неговата возраст.

Уметничкото дело може да биде сè, сè додека е креативно, наведуваат од Националната галерија со укажување дека на предизвикот можат да учествуваат сите креативци од претшколска и школска возраст.

Семејствата можат да испратат слики со уметнички дела на меил адреса: [email protected] или да ги објават на социјалните мрежи Фејсбук и/или Инстаграм, притоа да се тагне Националната галерија на Република Северна Македонија, и во објавата, како дел од кампањата и темата да се користи хаштаг: #НашитеХерои, #OurHeroes, #НационалнаГалерија, #NationalGallery. Испратените слики од уметничките дела ќе бидат објавени на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство

Ана Ололовска