Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство

Од:

Националната галерија на Република Северна Македонија се придружува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на промоција на културното наследство – 18 Април. За таа цел, оваа институција денека ги отвора вратите за посетителите, особено за најмладите.

Во Даут пашин амам во моментов е сместена постојаната Национална поставка на ликовни дела (икони, слики, скулптури, инсталации…), која го прзентира периодот од XIV – XXI век, претставени во осум изложбени сали. Изложени се речиси 200 дела, доминантно во сопственост на Националната галерија на Северна Македонија, а мал дел времено позајмени од други установи со цел добивање на континуитет во хронологијата и стилскиот развој на македонската ликовна уметност.

Во Чифте амам има поставка на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“, едно од најдобрите национални претставувања на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба „La Biennale di Venezia 2022“.

Во текот на целиот ден, влезот за сите посетители е слободен од 10 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ