На конкурсот за Фестивалот „ФИЛМАЈ 2020“ пријавини 2.017 филма од 112 земји

Од:

На конкурсот за Вториот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2020“, што заврши на 5 април, пристигнаа вкупно 2.017 филма од 112 држави, меѓу кои и 15 од земјава, информира Фото-кино клубот “Козјак” од Куманово.

– Значајната бројност на пријавени учесници е благодарение на тоа што пријавувањето беше преку платформата FilmFreeway, која овозможува ефикасно поврзување и вмрежување на филмски творци и фестивалски организатори. За споредба, на првото издание на фестивалот лани пристигнаа 50 пријави, а учесниците се пријавуваа со пополнување на директен онлајн-формулар, се наведува во соопштението.

Првичен план беше победниците за „ФИЛМАЈ 2020“ да бидат соопштени до 5 мај 2020 година, но согласно тековните услови и важечки препораки за јавно здравје, објавувањето на резултати од конкурсот, според организаторите, најверојатно ќе биде во период мај-септември.

Овогодишното жири на Фестивалот е во состав Ана Јакимска, филмски режисер и сценарист, Златко Ѓелески, писател и културен критичар и Глигор Максимовски, фотограф и член на Фото-кино клубот „Козјак“. Жирито ќе одлучи за доделување на три награди: за најдобра режија „Лазар Ѓорѓевиќ“, за најдобра фотографија/кинематографија „Радислав Ристевски“ и за најдобра приказна/сценарио.

Физичката фестивалска манифестација со присуство на публика во сала се планира кога за тоа ќе биде безбедносно и здравствено целосно прифатливо, во безгрижни денови кои ќе следат по соопштување на резултатите, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето